Јувентус не се откажува од Елмас: Позајмица на една сезона, па потоа откуп!

Јувентус има план најпрво да го позајми Елиф Елмас од Лајпциг, потоа со можен откуп на крајот на сезоната. Поради тоа тимот од Торино е подготвен да ја плати позајмицата од една сезона 10 милиони евра, објавува „Тутоспорт“.

Веќе некое време се шпекулира дека Јувентус ќе трне по услугите на македонскиот интернационалец, кој на почетокот на сезоната се врати во таборот на Лајпциг, откако му истече позајмицата со Наполи, кој се реши да не го откупи неговиот договор.

Сега „дијамантот“ тренира, и чека понуди, а едната од нив сигурно ќе биде од Јувентус и од тренерот Спалети, кој е миленик на играта на Елмас.

Во редот за неговиот потпис стојат и двата турски гиганти Фенербахче и Бешикташ.

Се вчитува...