Јувентус пак стана „Пеналтус“ (Видео)

Секогаш кога е потребно Јувентус да победи, се добива впечатокот дека арбитрите се тука да и помогнат на „старата дама“. Исклучок не беше ниту вечерашното дерби против Милан, на кое Донарума со бројни извонредни интервенции го одржуваше натпреварот во егал (1-1).

Судијата покажа четири минути продолжение, и тоа изминаа, a триесетина секунди подоцна главниот судија покажа на белата точка. Лихтштајнер се обиде да нафрли од десната страна, топката го удри во раката Де Шилјо, а главниот судија Маса веднаш покажа на белата точка. Гостите протестираа тврдејќи дека нивниот капитен немал време да реагира бидејќи топката му била удрена од раката од непосредна близина, но се им беше попусто.

Судиската одлука остана, Дибала од белата точка донесе триумф на „старата дама“, која повторно го доби прекарот „Пеналтус“.

Paulo Dybala Penalty Goal Juventus 2-1 Milan 10… by brilche

Се вчитува...