Јувентус заврши голема работа со потписите на Коло Муани и на Алајбеговиќ, но овие два трансфери го потрошија речиси целиот буџе за засилувања на „старата дама“, што е лимитиран откако „црно-белите“ од Торино не успеаја да обезбедат влез во ЛШ за новата сезона.
На тренерот Спалети му се потребни дополнителни засилувања, а управата работи на нивно доаѓање, но на едногодишни позајмици бидејќи целосен откуп за нови трансфери од дваесетина милиони евра или повеќе веќе е невозможна мисија за Јувентус.
Најтрофејниот италијански клуб преговара за две нови имиња кои би пристигнале на позајмица од клубови од англиската Премиер-лига.
Првиот е голманот Викарио, кој е достапен бидејќи во Тотенхем не сметаат сериозно на неговите услуги, па „спарси“ и го нудат на позајмица со клаузула за откуп од 15 милиони евра. Прва желба на Јувентус беше Аргентинецот Мартинез, но не се договори со Астон вила околу отштетата, додека јапонскиот голман Сузуки е „план Б“, но и тој пропадна откако ПСЖ се вклучи во трката, а Парма ја крена цената на околу 30 милиони евра. Сега целиот фокус е насочен кон Викарио, кој е подготвен да се врати назад во Серија А каде што настапуваше до 2023 година во дресот на Емполи.
Вториот фудбалер што Јувентус го бара на позајмица е Џошуа Циркзе од Манчестер јунајтед. Холанѓанецот блескаше во дресот на Болоња, но по трансферот во јунајтед не успеа да се снајде најдобро во Премиер-лигата. Карик не смета сериозно на овој фудбалер, a Јуве се обидува да ја искористи ситуацијата испраќајќи понуда за позајмица. Англискиот клуб претпочита перманентен трансфер, но бидејќи досега не доби ниту една ваква понуда, реални се шансите Манчестер да даде зелено светло за овој напаѓач да се врати на Апенинскиот полуостров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
