Јувентус повторно ги бара назад одземените титули

Калчолигашот Јувентус повторно ќе почне постапка за враќање на титулите кои му беа одземени поради аферата „Калчополи“ за местење натпревари. Јувентус поради познатата афера остана без титулите во 2005 и 2006 година. Таа во 2005 остана без сопственик, а следната му беше доделена на Интер. Меѓутоа, раководството на клубот од Торино, се уште не се откажува од овие титули и има намера повторно да почне постапка за нивно враќање.

„Во текот на годините преземавме се да го заштитиме клубот. Чекаме одговор на жалбата која неодамна ја поднесовме кон надлежните органи, клубот се ќе направи да ги вратиме титулите“, стои во соопштението од Јувентус. 

Во ноември минатата година жалбата на Јувентус беше одбиена, исто како и обидот пред државниот суд во јули месец минатата година. „Старата дама“ и покрај одземените две титули е убедливо најуспешен тим во домашниот шампионат со 36 освоени титули, односно двојно повеќе од најголемите ривали Интер и Милан.

Се вчитува...