Јувентус притиска за Толисо, тој е одушевен од интересот на „старата дама“

Фудбалерот од средниот ред на Лион, Корентен Толисо, се наоѓа на приоритетната листа на желби на италијанскиот првак Јувентус. Според медиумите на Апенините, „старата дама“ е подготвена на лето да испрати понуда вредна 40 милиони евра до Лион за ангажман на одличниот играч за врска. А тоа дополнително го мотивира и самиот Толисо.

„Убаво е да се слушне дека европски гигант како Јувентус сака да ве види во своите редови. Тоа е дополнителна мотивација за мене да продолжам со уште поквалитетни изданија во продолжението од сезоната. Пред одреден период имаше интерес и од Наполи. Но, јас се фокусирам на моите игри. Италија? Зошто да не. Серија А е многу квалитетен шампионат, а Јувентус е еден од најголемите европски клубови“, изјави Толисо.

Останува да се види дали Лион ќе се согласи да го продаде и Толисо откако францускиот прволигаш даде зелено светло за заминување на Александр Лаказет. 

Се вчитува...