Јувентус продолжи да гази, „падна“ и Лацио (ВИДЕО)

Јувентус продолжува со победничката серија во италијанското првенство, откако вечерва на свој терен го совлада Лацио убедливо со 3-0. Воедно, ова беше првиот пораз на Лацио на гостински терен во сезоната.

Јувентус со тоа се искачи на третото место и му се доближи на Милан на само два бода.

Кин во 43. минута донесе предност за „Старата дама“, а истиот играч во 54. минута зголеми на 2-0. Во финишот од средбата Милик ги постави конечните 3-0.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...