Јувентус продолжува победнички во Серија „А“: Ја совлада Верона за петти триумф во низа (ВИДЕО)

Јувентус вечерва стигна до петтиот триумф по ред во Серија „А“ откако го совлада тимот на Верона на гости. Херој на „Бјанконерите“ беше Моизе Кен кој го постигна голот во 60. минута од средбата.

Најтрофејниот италијански тим имаше имаше повеќе од играта, но и Верона неколку пати се закани. Гостите од Торино ги спасуваше и гол технологијата, откако два пати играчите на Верона бараа пенал, но не ги добија. Јуве остана со играч помалку откако во 91. минута беше исклучен Алекс Сандро.

Со оваа победа, Јувентус се искачи на третата позиција со само два бода заостанување зад Милан, и десет од првопласираниот Наполи.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...