Јувентус ризикува – новата понуда за Локатели уште пониска

Мануел Локатели е еден од најбараните Италијанци ова лето, но каде ќе заврши 23-годишникот останува да видиме. Играчот на Сасуоло сака да остане во Италија каде има сериозен интерес од Јувентус, но „старата дама“ не ни ниту блиску до барањата на Сасуоло.

Клубот од Торино веќе испратил една понуда за играчот од средниот ред која гласела едногодишна позајмица со обврска за купување по крајот на сезоната од 30 милиони евра, која била одбиена, а втората понуда е уште послаба.

Имено, Јувентус понудил двогодишна позајмица од 5 милиони евра, а потоа и обврска за купување од 20 милиони, бонуси од 7 милиони евра и 25 отсто од следната понуда, пренесуваат италијанските медиуми.

Ризикот на Јувентус на крајот може да биде кобен со оглед на тоа што на готовс чека Арсенал кој веќе испратил понуда од 40 милиони евра. Сепак проблемот за реализација на овој трансфер е тоа што Локатели не е заинтересиран за премин во редовите на „топџиите“ и сака да игра Лига на Шампиони следната сезона.

Се вчитува...