Јувентус рутински го победи Калјари

Италијанскиот првак Јувентус ја оствари 26. победа во Серија А оваа сезона совладувајќи го Калјари на гости со 0-2. Леонардо Бонучи го отвори резултатот во 22.минута, откако со удар со глава по корнер ја смести топката зад грбот на домашниот голман. Младиот напаѓач Моисе Кин во финишот го потврди триумфот на „старата дама“.

По 30 одиграни кола, Јувентус е неприкосновен лидер на табелата во италијанскиот шампионат со 81 бод, дури 18 повеќе од второпласираниот Наполи.

Се вчитува...