Јувентус се пофали – потпиша Керим Алајбеговиќ

Јувентус попладнево се пофали со одличен трансфер откако „старата дама“ успеа да излезе како победник од трката по Керим Алајбеговиќ, извонредниот босански репрезентативец кој го привлече вниманието со добрите настапи на СП 2026.

Баер Леверкузен го стави младиот офанзивец на продажба, тој најпрвин беше блиску до Аталанта, потоа се чинеше дека е пред потпис со Челси, но ситуацијата се промени откако Јувентус се вклучи во трката за неговиот потпис.

Најпрвин беа договорени деталите со неговиот клуб, кој ќе доби минимални 30 милиони евра низ четири годишни рати, а можжно е и дополнителни пет милиони ако се знае дека клаузулите во договорот се лесно остварливи. Покрај тоа, Јувентус ќе ги покрие и менаџерските провизии од овој трансфер, а Баер ќе има и процент од следниот трансфер на Алајбеговиќ кога овој фудбалер ќе реши да си замине од Јуве.

Босанскиот интернационалец игра подеднакво добро и како лево и како десно крило и нема сомнеж дека ќе биде огромно засилување за тимот на Лучијано Спалети.

Алајбеговиќ потпиша договор со Јувентус со важност до 30 јуни 2031 година.

Се вчитува...