Јувентус се согласи да го продаде Дибала… Но, под кои услови!?

Аргентинскиот репрезентативец ќе потпише нов договор со Јувентус, но тоа не значи ништо, доколку се добие понуда за негов трансфер која ќе ги задоволи потребите на претседателот на клубот. Марота посочи неколку услови за Барселона, кои се најупорни за потписот на Дибала.

Каталонците треба да издвојат 100 милиони евра, но и да се откажат од тројца играчи. Ракитиќ, Маскерано и Андре Гомес се желбите на Јувентус, што значи дека Дибала ќе биде најскапиот играч во светот доколку се реализира овој трансфер.

Ракитиќ најверојатно ќе биде продаден доколку Барса го ангажира Верати, но и за него треба да одвојат богатство. Маскерано беше мета на Јуве, но во тој период Аргентинецот беше клучен во составот на шпанскиот гигант. За Андре Гомес издвоија 35 милиони евра, па го прогласија за разочарување на сезоната.

Јувентус постави слични услови и за Реал. 100 милиони во пакет со Мората, Хамес Родригез и Иско, и Дибала може да го облече дресот на „галактикосите“.

Се вчитува...