Актуелниот директор на Јувентус, Фредерик Масара, се сретна со родителите и агентот на младиот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Керим Алајбеговиќ, а според италијанската „Ла Стампа“, играчот веќе се согласил да се пресели во торинскиот клуб. Иако договорот сè уште не е склучен, Јувентус со тоа стана главен фаворит за неговиот потпис и ја престигна Аталанта.
За да се реализира трансферот, Јувентус сè уште треба да постигне договор со Баер Леверкузен, клубот со кој Алајбеговиќ е договорно обврзан. Преговорите меѓу двата клуба ќе бидат клучни за исходот од целата операција.
„Ла Стампа“ наведува дека Масара ја рестартирал кампањата за доведување на Алајбеговиќ. Тој покажал интерес за младиот фудбалер додека работел во Рома, а оваа можност сега е повторно активирана, само што овој пат Масара работи за Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
