Јувентус се впушти по потписот на Лука Јовиќ

Италијанскиот првак Јувентус појави интерес за ангажман на српскиот интернационалец Лука Јовиќ од Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ е незадоволен од првата сезона на Јовиќ на „Сантијаго Бернабеу“ и донесе одлука да го стави на трансфер – листа, а досега Милан беше клубот кој сакаше да го доведе во Серија А.

Но, раководството на „старата дама“ полека се лади од намерата да го купи Аркадиуш Милик од Наполи како замена за Гонзало Игуаин и се впушти во преговори за потписот на Лука Јовиќ. Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез, бара 50 милиони евра отштета и исплата веднаш, а не во неколку годишни рати како што предлагаше Милан, а истата преговарачка стратегија ја има и Јувентус.

Во трката по српскиот репрезентативец од синоќа се вклучи и Лестер, чија прва понуда изнесува 35 милиони евра.

Се вчитува...