Јувентус со скалпот на Сампдорија до лидерската позиција

Италијанскиот првак Јувентус ја оствари 17.победа во Серија А оваа сезона триумфирајќи на гости против Сампдорија со 1-2. Со овие три бода „старата дама“ создаде и три бода предност на врвот на табелата во однос на главниот конкурент Интер.

Пауло Дибала со одличен погодок донесе водство за Јуве во 19.минута, но Џанлука Капрари успеа да израмни во 35.минута. Сепак, пред самиот крај на првиот дел Кристијано Роналдо со небески скок и удар со глава донесе нова предност за „старата дама“.

Во финишот Сампдорија остана со играч помалку откако стрелецот Капрари заработи два жолти картони и исклучување, а Јувентус успеа да стигне до посакуваниот триумф.

Се вчитува...