Јувентус во ист ден остана без двајца голмани

Јувентус го доведе Викарио од Тотенхем како стартен чувар на мрежата, па „црно-белите“ ќе направат целосна рокада на голманската позиција откако дадоа зелено светло за заминување на двајцата голмани кои лани се бореа за првотимски статус.

Искусниот Матија Перин заминува во Палермо, тој самиот инсистираше на трансфер во клуб каде стандардно би бранел, а „старата дама“ се согласи на негово заминување во Серија А. Во знак на благодарност за лојалноста во изминатите години, челницците на Јуве се согласија да не бараат никаква отштета за овој трансфер, а „старата дама“ би добила скромен бонус само доколку Палермо со Перин успее да влезе во Серија А.

Ди Грегорио, кој во последните две сезони најчесто важеше за прва опција на голот на Јувентус, кариерата ќе ја продолжи во Премиер-лигата, и тоа во тимот на Борнмут.  Двата клуба договорија позајмица вредна два милиони евра, а Борнмут ќе има опција следното лето целосно да го откупи договорот на Ди Грегорио за дополнителни 15 милиони евра.

Јувентус сега е во потрага по нов резервен голман, а приоритет на „старата дама“ се преговорите со Камил Грабара, полскиот чувар на мрежата кој е дел од германскиот вторлигаш Волфсбург.

Се вчитува...