Кадетската ракометна репрезентација на Македонија заврши како четвртопласирана на „Шпаркасе турнирот“ во Германија. Во мечот за третото место, Македонија загуби од Египет (25-21), а на турнирот победи Германија која со 28-26 ја совлада селекцијата на Исланд.
И покрај предноста во првиот дел на Македонија (13-12), сепак, во продолжението останаа без сила, па Египет направи пресврт и од 16-17 негатива, да стигне до предност од 22-17, што беше клучна предност за победата.
Повторно најефикасен во Македонија беше Калајџиоски со пет голови, додека Белистојановски постигна четири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА