Кадетите ги добија противниците за Светското првенство во Хрватска

Ракометната репрезентација на Македонија до 19 години ги доби противниците за Светското првенство кое ова лето ќе се одржи во Хрватска. Избраниците на Раде Стојановиќ се најдоа во групата Ф заедно со селекциите на Норвешка, Црна Гора и освојувачот на ИХФ трофејот кој ќесе одржи во периодот од 7. до 11. март, одлучи денешната ждрепка која се одржа во земјата домаќин на шампионатот.

Македонскиот тим успеа да обезбеди пласман на Мундијалот до 19 години откако минатата година славеше на ЕХФ шампионатот кој се играше во главниот град на Летонија, Рига. Шампионатот кој ќе се игра во Костарика е закажан за во периодот од 2. до 13. август годинава.

Се вчитува...