Кадетите ја декласираа и Швајцарија во Бугојно

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија со стил стигна до полуфиналето од силниот турнир во Бугојно, откако попладнево лесно и убедливо славеше над Швајцарија со резултат 33-22.

Охрабрени по вчерашното одлично издание против Србија, нашите млади ракометари од самиот почеток наметнаа силно темпо што Швајцарците не можеа да го следат. Тоа резултираше Македонија уште по првото полувреме да го реши прашањето на победникот поведувајќи со 17-10. Остатокот од мечот беше рутина, а удобната предност му овозможи на селекторот Брестовац да им даде шанса и на дел од резервните ракометари.

Мартин Серафимов беше клучна фигура на денешниот натпревар со 11 погодоци, Симоновски постигна четири гола, а по три пати меѓу стрелците се запишаа Костески, Ѓорѓиев и Карапалевски.

Се вчитува...