Кадетите ја исполнија целта – Македонија е на ЕП

Кадетската репрезентација на Македонија забележа значителен успех откако се пласираше на Европското Првенство, како дел од квалификациската група што во изминатите три дена се играше во Скопје.

Македонија денеска во клучниот натпревар за противник ја имаше селекцијата на Косово, ривал што нашите млади ракометари рутински го совладаа со убедливи 33-24. Селекцијата на Косово парираше само до 7-7, по што Македонија презеде целосна контрола над играта и резултатот. На одмор се замина со водство на нашата национална селекција од 15-11, а „црвено-жолтите“ продолжија со доминација и на стартот од вториот дел, поведувајќи и со двоцифрена предност пред на крајот да слават со конечните „плус девет“.

Пецаноски со осум и Петроски со шест гола беа најефикасни во нашиот табор, додека по четири погодоци постигнаа Матески и Ѓокески.

Покрај Македонија, пласман на ЕП од оваа група обезбеди и Швајцарија, која во првиот меч од ова коло ja совлада Словачка со 29-25.

Се вчитува...