Кадетите ја „преслушаа“ и Грузија за главна фаза на СП во Хрватска

Ракометната репрезентација на Македонија се пласираше во главната фаза на Светското првеснтво до 19 години кое се игра во Хрватска.

Откако вчера во директниот дуел нашите момци беа подобри од Црна Гора, денеска на рутински начин славеа над аутсајдерот во Ф сегментот Грузија со 27-21.

Избраниците на Радослав Стојановиќ одлично го отворија натпреварот и брзо стигнаа до водство од 5-1. Како се наближуваше средината на првиот дел Грузијците беа немоќни и успеаја да постигнат само два гола, а Македонија да стигне и до највисоките плус пет 7-2.

Откако некое време се играше гол за гол до 10-5, Грузијците во финишот на полувремето заиграа подобро и успеаја да стигнат на само два гола негатива (12-10). Следуваше гол на нашите ракометари за водство од 13-10 пред паузата.

На стартот на вториот дел нашите ракометари повторно брзо стигнаа до комотна предност од четири гола (15-11). Оваа предност ја чуваа некој период, се до 47. минута кога за првпат стигнаа до највисоката предност од шест гола (21-15). До крајот „црвено-жолтите“ рутински го приведоа мечот за конечни 27-21. Ненад Белистојаноски со шест гола беше прво име во нашиот тоабро, додека Дамјан Субашевски го заврши мечот со пет гола.

Во втората фаза јуниорите за противници ќе ги имаат Данска и Норвешка во борбата за пласман меѓу осумте најдобри на шампионатот во Хрватска.

Се вчитува...