Кадетите ја преслушаа и Полска

Кадетската репрезентација на Македонија продолжува во победнички ритам на турнирот што се одржува во салата „Автокоманда“ во Скопје, откако во третиот натпревар нашите млади ракометари стигнаа до третата победа. Утрово „црвено-жолтите“ за противник ја имаа соодветната селекција на Полска, која по голема битка беше совладана со 25-22. Клучната предност беше создадена во првото полувреме во кое Македонија обезбеди предност од 14-11, што потоа знаеше да ја задржи до самиот крај на натпреварот.

Македонија вечерва во рамките од четвртото коло ќе ги одмери силите со кадетите од Србија, а утре на програмата е последниот дуел против Унгарија, кој ќе даде одговор која селекција ќе го освои пехарот на овој силен турнир.

Б-селекцијата на Македонија денеска во рамките од третото коло претрпе минимален пораз од Србија од 24-25.

Се вчитува...