Кадетите ја совладаа Холандија и се пласираа во полуфинале

Ракометните кадети на Македонија се пласираа во полуфиналето на „Шпаркасе Купот“ кој се игра во Германија. На вториот настап денеска, македонските ракометари ја совладаа Холандија со 27-21, и така успеаја да обезбедат пласман меѓу најдобрите четири.

Македонија речиси во целиот меч имаше предност, Холандија на моменти успеа да се врати, но не и да дојде до ситуација да ја презеде иницијативата и да дојде до победа. Најефикасен ракометар беше Калајџиоски кој постигна 10 гола.

Македонскиот национален тим со оваа победа се пласираше на второто место на табелата пред Австрија и Холандија. На првото беше Германија.

Македонија во полуфиналето ќе игра против Исланд, кој ги совлада селекциите на Египет и на Швајцарија во другата група.

Се вчитува...