Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија го освои петтото место на Медитеранското првенство што се одржа во Шаморин, Словачка. Во последниот натпревар за пласман, избраниците на селекторот Горан Кузманоски доминираа против соодветната селекција на Хрватска, триумфирајќи со убедливи 25-15.
Македонските ракометари го завршија шампионатот со одличен биланс од пет победи и само два порази, претрпени од силните репрезентации на Египет и Шпанија, кои обезбедија пласман во полуфиналето.
Овој резултат е уште една потврда за потенцијалот на оваа генерација на наши ракометари
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

