Кадетите на крајот четврти на турнирот во Бугојно

Кадетската репрезентација на Македонија го освои четвртото место на силниот турнир во Бугојно, откако денеска во „малото финале“ по голема битка беше поразена од Германија со минимални 23-24.

Нашите кадети одлично му парираа на реномираниот противник во текот на целиот натпревар, на полувреме се замина со 11-11, а во вториот дел дури имаа и предност од четири гола (17-13). Сепак, кога беше најважно дојде до пад во концентрацијата на нашите млади ракометари, кои на крајот претрпеа минимален пораз.

Симоновски со седум гола беше најефикасен во таборот на македонската репрезентација, додека Серафимов и Костески постигнаа по пет погодоци.

Се вчитува...