Кадетската репрезентација на Македонија го освои третото место во групата А од Медитеранското првенство што се одржува во Словачка, откако денеска славеше на последниот дуел од групата против Романија со 24-23 (3-2 во поени).
Според пропизициите, натпреварите се играат на три третини, при што секоја селекција добива по еден бод за победа во третина и два бода за конечната победа на мечот.
Македонија тргна фуриозно, ја доби првата третина со 10-4, на стартот од вториот период имаше и 12-4, но потоа дојде до сериозен пад во нашата игра. Романците го искористија тоа, го добија вториот дел од мечот со 6-8, потоа и третиот со 8-11, но Македонија сепак стигна до конечниот минимален триумф.
Нашата млада селекција го освои третото место во групата, зад Шпанија и Египет, па во разигрувањето за пласман утре во битка за петтата позиција на првенството ќе се бори со Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

