Кадетите поразени и од Романија на „Трофеј Карпати“

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија го забележа и вториот пораз на меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“.

По вчерашниот убедлив пораз од Египет, нашите надежи денеска беа поразени и од домаќинот Романија со 23-28. Нашите момци одиграа квалитетно прво полувреме во кое цело време ја имаа предноста, а на пауза заминаа со минимална позитива од 13-12.

Сепак, во вториот дел следеше голем пад, па домаќините со одлична игра успеаја да стигнат до конечен триумф од 23-28. Утре Македонија во мечот за третото место на турнирот ќе се сретне со Црна Гора, додека во финалето Романија за противник ќе го има Египет.

Се вчитува...