Кадетската ракометна репрезентација на Македонија загуби селекцијата на Германија со 31-25 во вториот натпревар од „Шпаркасен купот“. По вчерашната победа над Австрија, избраниците на Раде Стојановиќ во првиот денешен мече се поразени од Германија, но шансите за полуфинале се одлични откако Австријците славеа над Холандија, па со победа над Холанѓаните подоцна денеска заедно со Германија ќе патуваме во полуфиналето.
Македонија отвори со гол, но Германците набрзина вратија и направија пресврт 3-1. Германците ја одржуваа предноста во текот на целото прво полувреме и на пауза заминаа со предност од 18-13. Во вториот дел рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 31-25.
Ракометари со било каква победа над Холандија ќе го потврдат местото во полуфиналето на силниот „Шпаркасен Куп“, под услов и Германија да слави над Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА