Кадетите поразени од Унгарија, на крајот втори на турнирот во Скопје

Кадетската репрезентација на Македонија, за играчи родени во 2000 година и помлади, го освои второто место на турнирот што во изминатите денови се одржуваше во Автокоманда, откако во денешниот клучен натпревар загуби од селекцијата на Унгарија со 19-20.

По четирите победи во првите четири натпревари, нашите млади ракометари денеска немаа сили да го одржат триумфалниот ритам, во неизвесна завршница губејќи со само еден гол разлика. Клучната предност беше создадена во првото полувреме што Унгарија го доби со 13-8, македонските кадети се вратија резултатски во вториот дел, но немаа сили за целосен пресврт.

По ваквиот развој на настаните, Унгарија и Македонија го завршија турнирот со идентичен скор 4-1, но Унгарците стигнаа до пехарот благодарение на победата во меѓусебниот дуел.

Б-селекцијата на Македонија во рамките од петтото коло стигна до првата победа, откако го изненади фаворитот Полска со минимална победа од 23-22.

Се вчитува...