Кадетите повторно подобри од Грција

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија славеше и на вториот контролен меч против Грција, овојпат со 27-26 како дел од подготовките во Маврово за ЕХФ шампионатот во Летонија.

Селекцијата предводена од Раде Стојановиќ имаше контрола на резултатот во текот на целиот натпревар, на моменти и над десет гола предност. На ЕХФ шампионатот во Летонија нашите кадети ќе играат во група со Летонија, Турција и Косово.

Само победникот од двете групи ќе се пласира на кадетското СП и младинското ЕП.

За потсетување, нашите надежи славеа и на првиот меч против Грција со 25-23 (11-10).

Се вчитува...