Кадетите повторно подобри од Црна Гора

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија и вторпат во два дена славеше над репрезентацијата на Црна Гора во контролни мечеви како дел од подготовките за ЕП.

По вчерашниот убедлив триумф од 28-20, избраниците на Наум Танески денеска беа подобри со 30-28.

Митев постигна девет гола, додека Иванов успеа да реализира во осум наврати, додека Славков постигна четири голови.

Се вчитува...