Кадетите против комбиниран тим од Алкалоид и Мултиесенс

Ракометарите на кадетската репрезентација на Македонија ќе го одиграат првиот натпревар против екипи од домашното првенство, како дел од новата програма за унапредување и развој на младинскиот ракомет во нашата земја.

Овој проект има за цел да им овозможи на најталентираните кадети вредно искуство и континуиран натпреварувачки ритам, со што се поставуваат цврсти темели за иднината на македонскиот ракомет.

Вечерва, со почеток од 20.30 часот во спортската сала „Автокоманда“, ќе се одигра натпреварот помеѓу кадетската репрезентација на Македонија и најдобрите од двете екипи – РК Алкалоид и РК Мултиесенс.

 

Се вчитува...