Кадетите редат победи на пријателските средби

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија продолжува со одличните игри во подготвителниот период, откако на четвртиот контролен меч ја забележа и четвртата победа.

Ракометните надежи денеска го одиграа и вториот дуел со Црна Гора (претходно беа двапати подобри од Италија), стигнувајќи до триумф од 31-29. Победникот беше решен во првото полувреме што македонските ракометари го добија со 17-13, предност што ја задржаа до крајот за конечен триумф на овој натпревар.

Марко Митев со седум гола беше најдобар стрелец во македонскиот состав, пет постигна Илиевски, а четири пати прецизен беше Емилијан Ѓорговски.

Се вчитува...