Кадетите со домашни сили на контролите со Црна Гора

Селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Наум Танески, го објави списокот на ракометари кои ќе му бидат на распоагање на претстојната ЕХФ-седмица, во која оваа наша селекција ќе одигра пријателски средби со селекцијата на Црна Гора.

Собирот е закажан за ден 12.03.2024 година (вторник) со почеток 12.00 часот во Хотел Карпош Скопје, а на него ќе се појават 21 ракометар, сите од домашното првенство.

Пријателските средби со Црна Гора се добра можност за воигрување и кревање на формата пред настапот на ЕП, каде нашите млади ракометари се најдоа во тешка група со врсниците од Франција, Германија и од Полска.

Се вчитува...