Кадетите со „два од два“ против Италија

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија со перфектен учинок го заврши пријателскиот двомеч против репрезентацијата на Италија. Откако „црвено-жолтите“ славеа во првиот меч со 29-24, денеска забележаа нова победа, овој пат од 30-29.

Македонија и денеска го контролираше натпреварот и постојано ја одржуваше предноста. На седум минута пред крајот истата изнесуваше 29-24, но опуштањето во нашите редови го искористија Италијанците кои успеаја да ја сведат негативата на еден гол, но недоволно да ја изненадат нашата репрезентација.

На Македонија сега и престојуваат дуели против Црна Гора кои истотака ќе бидат одиграни во Охрид пред финишот од подготовите пред ЕХФ шампионатот.

Се вчитува...