Кадетите со фуриозно второ полувреме до триумф над Турија

Кадетската репрезентација на Македонија ја забележа и втората победа во низа на ЕП 2026 за ракометари до 18 години, откако „црвено-жолтите“ по голема битка ја совладаа Турција.

Охрабрени по вчерашниот триумф над Италија, избраниците на Кузманоски имаа потешка работа денеска со Турците, но сепак најдоа начин да стигнат до победа изразена со конечните 29-27.

Првото полувреме мина во знакот на противничката селекција, која отвори со рано водство од 0-3 и го заврши полувремето со водство од 13-15. Совеите на селекторот Кузманоски очигледно вродија со плод, па Македонија заигра далеку подобро во вторите 30 минути. Нашите млади ракометари експресно го свртеа резултатот во своја полза поведувајќи со 17-16, а потоа со нова мини-серија одлепувајќи се до 21-17.

Отпорот на противникот беше скршен, Македонија десетина минути подоцна имаше 26-20, по што рутински го приведовме мечот до крај и конечните 29-27.

Поповски беше главна фигура и во овој триумф со девет постигнати гола, седум постигна Дамчевски, додека Симоновски го заврши мечот со пет погодоци.

Се вчитува...