Кадетите со победа над Австрија стартуваа на „Шпаркасе куп“

Машката кадетска репрезентација на Македонија имаше победнички старт на силниот турнир „Шпаркасе Куп“ кој се одржува во германскиот град Мерциг, откако славеше против Австрија со 25-23.

Избраниците на Раде Стојановиќ во текот на сите шеесет минути го контролираа резултатот и иако, Австријците неколку пати успеваа да се вратат во игра, сепак на крајот стигнавме до конечен триумф од 25-23.

Утре Македонија ја чекаат два меча, против Германија од 11:20 часот и против Холандија од 16:40 часот, по што ќе биде познато дали ќе играме во полуфиналето или за пласман од 5 до 8 место.

Се вчитува...