Кадетите супериорни на првиот меч со Црна Гора

Кадетската репрезентација на Македонија одигра одличен прв натпревар од двомечот против соодветната селекција на Црна Гора, триумфирајќи со убедливи 20-28.

Македонските ракометари доминираа од самиот почеток, контролирајќи го резултатот благодарение на цврстата одбрана и на одмор заминаа со предност од 8-13. Подобрата игра на нашите репрезентативци продолжи до самиот крај, за заслужен триумф со убедливи „плус осум“ на овој дуел.

Селекциите на Црна Гора и на Македонија утре ќе одиграат уште еден натпревар како дел од оваа ЕХФ-седмица, закажан за 13 часот.

Се вчитува...