Кадетската репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство во Србија наредната година, откако на квалифиакцискиот турнир во Луксембург денеска во последното коло славеше против домаќинот со 25-17.
Нашите надежи одиграа солидно во првото полувреме и на пауза замнаа со позитива од 13-9. Во вториот дел го исконтролираа резултатот за конечни 25-17. Бојан Поповски со шест гола беше најдобар поединец во нашиот табор, додека кај поразените Тео Вернер постигна пет.
ЕП ќе се игра во Србија од 29 јули до 9 август, а ривалите Македонија ќе ги дознае на почетокот на 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

