Кадетската репрезентација на Македонија претрпе пораз од силната Германија од 24-31 во рамките од силниот турнир што се одржува во Бугојно.
Селекторот Брестовац и неговите избраници имаат за што да жалат ако се земе во предвид одличното прво полувреме во кое Македонија имаше контрола над резултатот, во две ситуации и предност од по четири гола (13-9, 15-11). Сепак, во финишот од полувремето Германците се приближија на само еден гол (16-15), за потоа во вторите 30 минути целосно да доминираат и заслужено да триумфираат со конечни седум гола разлика.
Македонските кадети вечерва (19 часот) играат уште еден натпревар во Бугојно, против селекцијата на Србија, а за утре во 13 часот ќе ги одмерат силите и со кадетската репрезентација на Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА