Кадетите загубија од Полска во финалето на „ЕХФ шампионатот“ во Скопје

Ракометната репрезентација на Македонија до 19 години загуби во финалето на ЕХФ шампионатот во Скопје, откако во финалето беше совладана од Полска со 35-33. Полјаците упсеаја да ни се реваншираат за поразот во групната фаза со кој нашата репрезентација обезбеди пласман во полуфиналето, откако во 1. коло изненадувачки загуби од Грција.

Првото полувреме помина во израмнета игра на двете страни, а на пауза се замина со нерешен резултат 17-17. Полјаците беа посконцетрирани и имаа повеќе сила во вториот дел во кој успеаја да го срушат нашиот отпор и да стигнат до трофејот на шампионатот.

Полска покрај титулата обезбеди пласман и на следното Европско првенство во оваа старосна категорија.

Се вчитува...