Женската јуниорска репрезентација на Македонија се најде во групата Д на Европското првенство кое летово ќе се игра во Романија каде за противници ги доби соодветните селекции на актуелниот светски вицешампион од првенството во Скопје, Данска, Чешка и Црна Гора. Шампионатот за ракометарки до 19 години ќе се игра во периодот од 6. до 16. јули годинава.
Женската кадетска репрезентација на Македонија која ќе настапи на Европското првенство во Црна Гора немаше среќа на денешната ждрепка во Виена откако се најде во групата Д заедно со силните репрезентации на: Франција, Унгарија и Романија. Европското првенство за ракометарки до 17 години ќе се игра во периодот од 3. до 13. август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА