Кадетките ја решија и Полска – Македонија во финалето на ЕХФ шампионатот

Македонската женска кадетска репрезентација се пласираше во финалето на ЕХФ шампионатот кој се одржува во Литванија откако во полуфиналето славеа над Полска со 25-22.

Првото полувреме помина во егал игра и на пауза се замина со 12-12. Избраничките на Љубомир Савевски клучната разлика ја направија во последните 15 минути кога успеаја и да стигнат до големиот триумф.

Во финалето тие утре ќе се сретнат со репрезентацијата на Исланд.

Се вчитува...