Кадетките за малку до подвиг против моќната Шпанија

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз на ЕХФ-шампионатот што се одржува во Литванија, откако нашите репрезентативки денеска загубија од апсолутниот фаворит Шпанија со резултат 24-27. Второто полувреме донесе одлично издание на „црвено-жолтите“, кои за жал немаа сила за сензација на овој натпревар.

Македонија во првите две средби на шампионатот забележа убедливи победи над Литванија и над Косово, но Шпанија сепак е селекција од ракомената елита што денеска знаеше како да ја оправда фаворитската улога. Прашањето на победникот беше решено уште во првото полувреме што Шпанките го добија со 11-17. Во вториот дел Македонија заигра подобро, ја намали негативата, но немаше доволно време за целосен камбек и освојување на барем еден бод против „црвената фурија“.

Македонија во последното коло ќе се сретне со Финска, во меч што ќе решава која од овие две селекции ќе се пласира во полуфиналето на ЕХФ-шампионатот.

Се вчитува...

buy windows 11 pro test ediyorum