Кајл Олмен официјално стана нов играч на Партизан. Иако во претходните денови се зборуваше дека Партизан можеби сепак ќе се откаже од Олмен, на крајот овој бек, кој поседува црногорски пасош, стана нов играч на белградскиот клуб.
Гласините за неговото доаѓање во Белград започнаа уште додека траеше минатата сезона, а навивачите и медиумите очекуваа веста за неговиот трансфер да биде една од првите објавени, па сето тоа поттикна сомнежи дека „црно-белите“ се предомислиле.
Сепак, Олмен потпиша и претставува шесто засилување за тимот на Жоан Пењароја. Договорот е потпишан на две години. Минатата сезона ја мина во Турк Телеком, каде што играше одлично и беше дел од идеалната петорка на Еврокупот. Претходно, две сезони беше дел од Бешикташ, а настапуваше и за Дарушафака, Париз, ВЕФ Рига и Лаврио.
Студираше на Универзитетот „Кал Стејт Фулертон“. Играше за црногорската репрезентација на Европското првенство во 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
