Кајри Ирвинг се враќа на терените порано од очекуваното

Ѕвездата на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг ќе се врати на паркетот порано од очекуваното. Тој имаше повреда на рамото поради која неколку месеци е надвор од терените. Поради сериозноста на повредата се очекуваше тој да замине на операција и за него сезоната да биде завршена. Сепак, откако се појави на последниот тренинг на тимот, тој им се обрати на медиумите каде што го најави своето враќање.

„Ќе видиме како ќе се чувствувам следните денови. Ќе одработам неколку тренинзи во полн ритам и потоа ќе видиме како ќе реагира моето рамо. Би можел да се вратам и за помалку од една седмица, но не треба до толку да ризикувам“, изјави Ирвинг. 

Ирвинг сезонава кога беше во игра просечно по натпревар бележеше по 28,5 поени, 5,4 скока и 7,2 асистенции.

Се вчитува...