Кајт ќе стане боксер: Сакам да се борам против познати лица

Поранешниот холандски репрезентативец Дирк Кајт, пронајде нов предизвик. Поранешниот играч на Феенорд, Ливерпул и Фенербахче во моментов работи како стручен коментатор, а кажа дека сака да се проба во боксот.

Тој покрај фудбалот, се занимаваше и со фитнес и со тенис, но сега ќе се пренасочи кон друг спорт.

„Како поранешен фудбалер знам што е да се биде на стадион. Минаа четири години откако ја завршив кариерата. Ми недостасуваат напнатост и борба за да победам во меч. Се занимавав со тенис и со фитнес, но да влезам во рингот за мене ќе биде новина. Сакам да се борам против познати лица. Ќе почнам вредно да тренирам“, рече Кајт.

Дебитантската борба ќе ја одработи на крајот од годината со неговиот сонародник Рико Верховен, најдобриот кик-боксер на светот.

Кајт има 104 настапи за холандската репрезентација, и постигна 24 гола.

Се вчитува...