Кајт: Ми се смееја кога велев дека Феенорд ќе биде шампион

Феенорд по пауза од 18 години повторно се закити со титулата во холандското првенство, а херој беше капитенот Дирк Кајт, кој со хет-трик ја донесе победата од 3-0 на Хераклес за искачување на тронот на холандскиот фудбал. Голгетерот не го криеше задоволството поради огромниот успех, уште повеќе поради сомнежите што се појавиле кај многумина по неговиот трансфер од Фенербахче во Феенорд.

Кога дојдов овде пред две години реков дека се враќам за да станам шампион со Феенорд, а многумина ми се смееја на таа изјава. Во кариерата имам настапувано за врвни клубови, сум играл и во финале од ЛШ и во финале од мундијал, но ова ми е најубавиот момент, нешто што ќе го паметам цел животот“ – истакна Кајт.

Актуелниот договор на 37-годишниот ветеран со Феенорд истекува на крајот од сезонава, но тој се уште нема донесено одлука дали летово ќе стави крај на фантастичната кариера.

Ова не е момент за да се дискутира за мојата иднина. Најпрвин треба да се сретнам со тренерот и со управата, да дискутираме, по што ќе го објавам својот следен чекор“ – порача Дирк Кајт.

Се вчитува...