Кака: Најдобар ден за мене во Реал беше кога ми кажаа дека заминувам

Легендарниот бразилски фудбалер, Рикардо Кака во интервју за реноминираната шпанска „Марка“ говореше за својата кариера, но и за престојот кој го имаше Бразилецот на „Сантијаго Бернабеу“.

Тој во главниот град на Шпанија помина четири години, а вели дека најсреќен бил денот кога му рекле дека ќе си замине.

„Сигурно звучи чудно, но најдобар ми беше денот кога ми беше речено дека заминувам. Тогаш разговарав со Флорентино Перез и тој ми рече дека во мене гледале еден голем професионалец, кој дал с од себе за да донесе големи резултати во Мадрид, но повредите и малата минутажа го спречиле да продолжи да го прави тоа. Неговите зборови ми дадоа големо задоволство бидејќи почувствував дека вратите на Мадрид секогаш ми се отворени. Затоа никогаш нема да слушнете да кажам нешто лошо за Реал или за Жозе Мурињо“, изјави Кака.

Се вчитува...