Кака со една реченица совршено ја објасни разликата меѓу Роналдо и Меси

Кристијано Роналдо по петти пат е прогласен за најдобар фудбалер на светот во изборот на „Франс фудбал“. Со петтата „Златна топка“ се израмни со својот најголем ривал Лионел Меси.

„Јас сум најдобар фудбалер во историјата“ – порача Роналдо во разговорот за „Франс фудбал, и секако покрена лавина реакции и размислувања на таа тема.

Роналдо и Меси ги одбележаа последните десет фудбалски години, поделувајќи ги меѓу себе сите можни награди, и рушејќи ги сите можни рекорди…

Минаа десет години откако некој друг, освен нив двајца, ја освоил „Златната топка“. Последна личност која стигна до тоае бразилската легенда – волшебникот Кака. За многумина последниот „романтик“ пред модерниот фудбал да завладее со светот.

Бразилецот, кој присуствуваше на свеченото доделување на наградата во Париз, го подели своето мислење околу ривалитетот на Роналдо и Меси. Кака одлично ја објасни разликата меѓу двајцата најдобри фудбалери во светот.

„За мене Меси е гениј, а Роналдо е икона на модерниот фудбал – комплетен фудбалер. Според мене е многу чесно што токму тие се добитниците на последните 10 ‘Златни топки’“ – ќе рече Кака.

Се вчитува...