Кака стана пензионер, му кажа збогум на фудбалот

Рикардо Кака и официјално му кажа збогум на играњето фудбал, обелоденувајќи дека ја завршува својата играчка кариера. Легендарниот Бразилец последниот натпревар го одигра пред неколку месеци во дресот на Орландо во МЛС-лигата, а иако имаше неколку понуди за продолжување на кариерата, во татковината или во тимот на Милан, тој на крајот сепак реши да ги закачи копачките на клин.

Кака својата одлука ја обелодени преку официјалните мрежи, со постирана фотографија од него во маица со порака „Му припаѓам на Исус“.

Оче, Ова беше многу повеќе од она што можев да го замислам. Ти благодарам! Сега сум подготвен за наредното патешествие. Во името на Исус. Амин“ – порача Кака.

Речиси сигурно е дека Кака ќе остане дел од овој спорт, откако Милан веќе му понуди улога како директор во клубот.

Се вчитува...